Прва годишна конференција по повод првиот Буџет на независна Македонија

Прва годишна конференција по повод првиот Буџет на независна Македонија

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи Првата годишна конференција на Министерството за финансии по повод 2 април, денот кога беше донесен првиот Буџет на независна Република Македонија.

Тема на конференцијата е „Управување со јавните финансии и економски раст – комплементарни или спротивставени“.

Воведни обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, а поздравен говор ќе одржи министерот за финансии Драган Тевдовски.

На првата панел дискусија „Добро буџетирање – градење на рамките, поставување на правилата, подигнување на транспарентноста“, главен говорник ќе биде Линда Ван Гелдер од Светска банка, а како панелисти се најавени и премиерот Заев и министерот Тевдеовски.

Втората панел дискусија е насловена „Предизвиците на фискалната политика во Македонија – некогаш и сега“, а панелисти се поранешните министри за финансии, академик Таки Фити, Петар Гошев, Никола Поповски и Трајко Славевски.

Првиот Буџет на РМ е донесен на 2 април 1992 година

Треба да знаете
Последни објави