Во текот на вчерашниот ден на местото наречено Штипска Петла, во дворот на свињарска фарма, по претходна вербална расправија, 25-годишен велешанец со нож физички нападнал свој 27-годишен сограѓанин, при што му нанел телесни повреди во пределот на главата.
Како што инфомираат од МВР, П.Ч. (55) и Б.Ч. (31) го спречиле напаѓачот да продолжи со агресијата, по што тој со секира им упатил закани за животот.
По преземените мерки, напаѓачот бил приведен од страна на полицијата и задржан во СВР Велес, а нападнатиот 27-годишник бил пренесен во велешката болница, од каде што бил пуштен на домашно лекување.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.