Дала отказ во банка за да тестира секс играчки за помала плата – Дали се кае?
Кара Даглас ја напуштила својата стабилна работа, од која годишно земала од околу 60.000 долари во замена да биде тестер за секс играчки. Нејзината работа е да ги тестира новостите во секс индустријата, има повеќе од 20 оргазми неделно и вели дека конечно се пронашла себе си.
Работа во канцеларија, корпорација, сето тоа за Кара било заморно и досадно. Сега таа пишува критики за вибраторите, лубрикантите, а во нејзината нова работа ѝ се придружил и нејзиниот сопруг Дерен.
Таа сега тестира повеќе од 3.000 производи и потоа пишува на својот блог кој е добар за сите парови кои сакаат да пробаат нешто ново во сексуалниот живот.
“Заработувам двојно помалку отколку во банката, но двојно повеќе се забавувам. И тоа беше мојот мотив за да ја променам кариерата. Всушност, и сама секогаш сакав различни играчки така што ова совршено ми се совпадна”, вели Кара за Метро.
Таа раскажала дека нејзиниот и сексуалниот живот на нејзиниот партнер се променил на подобро откако се занимаваат со оваа работа.
Сексот е спорт, колку повеќе тренирате, толку поголеми резултати добивате.
“Мојот блог го посетуваат повеќе од 200.000 луѓе месечно. Тоа значи дека многумина ги интересира што и како се прави во кревет, а ова им е најлесниот начин за да дознаат”, вели Кара.