Делови од Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров утре без струја
Од 8:30 до 13:30 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Антон Димитров“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 8:30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Благоја Гојан“ број 16, 18 и 20 во општина Кисела Вода, а од 8:30 до 11:30 часот корисниците од улицата „Алекса Демниевски“ подулица 27 и околните подулици во општина Ѓорче Петров.
Од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Аминта Трети“ од броевите 68 до 80 во општина Центар.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.