На Денешното рочиште за предметот на „Насилство во општина Центар“ кој го има покренато Специјалното јавно обвинителство, поранешниот градоначалник на општината, Андреј Жерновски, одговараше на прашања на одбраната.
Следното е закажано за 19 април, кога ќе бидат испрашани уште двајца сведоци.
Обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд се изјаснија како невини за делото за кое се товарат, односно за поттикнување на насилство. Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште девет лица.
На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013,признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.
Обвинетите во „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.