Во 01 часот по полноќ во Полициска станица Центар, 30-годишниот Д.Ј. од Скопје пријавил дека на 04.04. околу 20 часот и 30 минути, во Скопје на улица “Митрополит Теодосиј Гологанов“ во стан кој се користел како студио за тетовирање, од страна на П.Р. бил киднапиран.
Имено, сторителот претходно се договорил со оштетениот да се најдат на наведената локација и откако Д.Ј. дошол на договореното место, П.Р. заедно со уште едно лице ја заклучиле вратата од станот и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.