Тарифникот на извршителите, кој вчера се најде на седница на Уставниот суд, останува во сила. Судиите одлучија да не поведат постапка за испитување на уставноста по претставката поднесена од граѓанин.
Спорно за лицето кое ја поднело иницијативата бил начинот на кој бил донесен тарифникот. За судот, пак, не се основани наводите дека членовите од законот се противуставни.
„Оспорениот правен акт за кој се вели дека бил без прибавено мислење од Комората на извршители е неосновано од причина што мислењето прибавено од Комората на извршители на Република Македонија е доставено до уставниот суд како доказ. Со ова се утврди дека во фаза на изготвување на оспорениот акт било прибавено мислење од Комората на извршители како што предвидува законот“ – велат од Уставен.