Хрватската полиција соопшти дека во голема акција е уапсен сериски педофил кој преку лажни профили на Фејсбук злоставувал девојчиња од 10 до 15 години.
Засега полицијата идентификувала 53 жртви, девојчиња на возраст од 10 до 15 години од цела Хрватска, но и од други земји од соседството, но засега не е наведено од кои земји.
– Во истрагата е утврдено дека осомничениот креирал повеќе лажни профили на Фејсбук со цел да ја задоволи сексуалната страст и да прибави сексуално експлицитни содржини со деца, особено помлади од 15 години. Користејќи лажно претставување и заведување во поглед на својата возраст и изгледот, стапувал во контакт со поглем број девојчиња, особено помлади од 15 години – пишува во полициското соопштение.
Акцијата била спроведена на областа на 18 полициски управи во Хрватска. На педофилот му е одредена мерка протвор поради основано сомение дека од почетокот на април 2017 година до крајот на јануари 2018 година 24-годишникот направил вкупно 80 казнени дела од полови деликти на штета на децата. Се рабори за 46 казнени дела прикажување порнографски материјали пред деца и 14 казнени дела искористување деца за порнографија, десет казнени дела задоволување страст пред дете помало од 15 години, 5 казнени дела намамување деца заради задоволување полови потреби и други.
Утврдено е дека осомничениот како посебен начин на манипулација ги користел отсуството на животно искуство на жртвите и нивната наивност – им се заканувал дека јавно ќе ги објави пораките што ги разменувале доколку не му достават сексуално експлицитни содржини.