Времето ќе биде променливо облачно и топло со повремен слаб локален дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни со грмежи
.Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен. Поинтензивни врнежите ќе бидат во ноќните часови. Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој кон крајот на денот и во вечерните часови ќе го промени правецот во северозападен.
Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура до 33 степени.
Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта, утре и задутре претпладне. Поинтензивни врнежи се очекуват во северните и источните делови, вечер и утре кога ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. За време на велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.