Седум причини зошто веднаш да прекинете да пиете газирани сокови!
Кога ќе прекинете да пиете газирани пијалаци ќе забележите дека вашата насмевка ќе стане поубава. Газираните пијалаци се едни од главните виновници за пропаѓање на забите, поради тоа тие не само што содржат висок процент на шеќер туку содржат и високо ниво на киселини кои предизвикуваа ерозија на забната глеѓ. Некои истражувања дури покажаа дека газираните пијалаци имаат ист ефект врз вашите заби како некои дроги како што се крекот и кокаинот.
Ќе се подобри работата на срцето
Постојат голем број на докази дека газираните пијалаци не се добри кога станува збор за вашето срце. Тие значително влијаат на зголемен ризик од добивање на кардиоваскуларни болести.
Ќе имате помала потреба за мокрење
Газираните пијалаци се диуретици што значи колку почесто ги конзумирате почесто ќе одите во веце. Исто така се наоѓаат на листата на работите кои предизвикуваат инфекции на уринарниот тракт со оглед дека високиот процент на шеќер во нив може да поттикне развој на бактерии.
Помалку главоболки и подобар сон
Главоболката која ја добивате на работа во четири часот попладне не мора да значи дека е поради стресот. Можно е дека причината за неа е газираниот пијалак кој сте го конзумирале претходниот ден. Имено, откриено е дека аспартан, хемиска супстанца која го засилува слаткиот вкус, е поврзана со главоболка, инсомнија и епилептични напади.
Ќе ги намалите килограмите
Ако ја земеме во предвид веќе спомената голема количина на шеќерот кој се наоѓа во газираните пијалаци, а која сигурно влијае врз килограмите, тогаш не е чудно што сигурно ќе ослабнете доколку прекинете со конзумирање на овие пијалаци.
Ќе ги зацрвснете коските
Во една студија од 2014 година докажано е дека ризик од скршен колк кај жените во менопауза е поголем за 12,5 отсто доколку редовно конзумирале газирани течности.
Точната причина се уште не е откриена, но се претпоставува дека кафеинот го „симнува“ калциумот од коските, па еве уште една причина да им кажете збогум на газираните пијалаци.
Ќе живеете подолго
Не само што газираните пијалаци влијаат врз состојбата на вашите заби и срце туку тие и штетат и на вашата ДНК.
Истражувачите од Универзитет во Калифронија откриле дека конзумирање на газирани пијалаци е поврзано со намалување на теломери, заштитни единици на ДНК кои ги покриваат краевите на хромозомите во ќелиите.
Уште поважно е дека, теломерите се тесно поврзани со човечкиот животен век. Кратки теломери се забележани кај луѓето кои имаат поголема шанса да заболат од хронични заболувања, како што се срцевите, дијабетес и некои облици а рак.