Дали новиот Закон за енергетика ќе ја зголеми цената на струјата

Никој не може да гарантира дека либерализацијата  нема да ја поскапи струјата. Од владата тврдат дека тоа нема да се случи,  но експертите се сомневаат.

 

Велат точно е дека со новиот закон за енергетика домаќинствата ќе излезат на слободен пазар  и сами ќе одлучуваат  кој ќе ги снабдува со струја. Во игра ќе бидат повеќе трговци кои ќе нудат различни услови. Но тоа не е гаранција дека цената нема да поскапи.  Се останува на пазарните услови- од тоа како ќе се движат цените на енергенсите на светските берзи. Ако таму има бранувања тие не може да се избегнат.

Со новиот закон за енергетика кој наскоро треба да биде изгласан во собрание се предвидува домаќинствата за парно да плаќаат онолку колку што потрошиле.  Димитров  со препорака до купувачите да не купуваат станови во згради кои имаат само еден мерач – долу во подстаницата.

Забелешки има и во делот на гасификацијата. Според Димитров не е утврдено каде заршува преносот, а каде почнува дистрибуцијата. Со тоа вели се остава простор големите потрошувачи да бидат привилигирани– да не плаќаат такса за користењето на дистрибутивната  мрежа.

Треба да знаете
Последни објави