Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос поради жолти картони нема да може да настапи на реваншот против Јувентус во Лигата на шампионите, но затоа ги повика соиграчите и испрати порака да не се опуштаат и да им го дадат завршниот удар на „бјанконерите“ кои и така се во тешка ситуација по поразот од Торино со 3-0.
– Не можам да играм против Јувентус, но секој фудбалер ја сака атмосферата во тие натпревари. Тие се единствени средби и емоции, натпревари во кои навивачите навистина нè подигнуваат. Сега е време да ја затвориме пресметката со Јувентус на „Бернабеу“. Во Лигата на шампионите секој натпревар е тежок и имаме уште 90 минути против Јувентус во кој ќе дадеме се од себе, – рече Рамос.
Средбата се игра во среда во стандардниот термин 20:45 часот.