Најдобриот фудбалер на Ливерпул ќе биде подготвен за вечерашниот реванш против Манчестер Сити во рамките на четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Одличниот Египќанец се повреди на почетокот од второто полувреме на првиот натпревар против Манчестер Сити минатата седмица, а го пропушти и градското дерби против Евертон минатиот викенд.
Сепак, се чини дека Салах успеал во меѓувреме да се опорави пред еден од најважните натпревари на Ливерпул оваа сезона. Тој вчера го одработил целиот тренинг со екипата на Јирген Клоп и голема е веројатноста дека вечерва ќе заигра на „Етихад“.
Неверојатниот Мохамед Салах оваа сезона на 43 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Ливерпул постигна 38 погодоци и додаде 13 асистенции.