Новиот документарец за животот на славниот пејач наскоро ќе го здогледа светлото на денот, а во пресрет на премиерата неговата поранешна сопруга Присила открила факти кои го шокираа светот, пишува “Mirror”.
Присила најмногу шокирала со изјавата дека Еливис извршил самоубиство и дека неговата зависност била голем проблем кој делумно го турнал во смрт.
-Се обидувавме да го одделиме од дрогата, но нему никој ништо не можеше да му нареди-рекла таа. Семејството не можеше да направи ништо за да го спаси од дрогата и депресивните мисли.
Неодамна се пронајдени и писма кои наводно славниот музичар му ги напишал на својот менаџер а во кои пишувал дека му е доста од се. Во документарецот се наведува дека Елвис Присли си го одзел животот кога испил голема количина таблети против болки.
Присила ја обвинува американската војска за зависноста на Елвис. Вели дека во текот на служењето на воениот рок земал таблети како би останал буден на стража и така почнала неговата приказна со зависноста.