Шефот на украинската дипломатија, Павло Климкин, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на земјава. Во рамките на посетата министерот Климкин утре ќе оствари средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
На средбата ќе бидат разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералните политички, економски и друг вид односи и соработка. Ќе бидат разменети и мислења од доменот на европските и евро-атланските аспирации и интеграци на двете земји, како и за други актуелни меѓународни прашања.
Министрите Димитров и Климкин ќе потпишат и Заедничка декларација меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Украина, како и Меморандум за заемна соработка меѓу Дипломатската академија во Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатската академија „Генадиј Удовенко“ во Министерството за надворешни работи на Украина.
Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, министерот Климкин ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, и од заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи.