Денес интерпелација за Владата, во четврток на дневен ред реформските закони

Денес интерпелација за Владата, во четврток на дневен ред реформските закони

Интерпелацијата на Владата денес ќе се најде на собраниска седница откако собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа за во 11 часот. Кординаторот на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев и денеска рече дека очекуваат поддршка од над 61 пратеник иако моментално најголемата опозициска партија во законодавниот дом сега има 41 пратеник.

Сепак  рече со интерпелацијата се враќаат во законодавниот дом и ќе учествуваат во натамошното гласањето на реформските закони.

„Апелираме до сите пратеници во текот на утрешното гласање пред себе да го стават интересот на граѓаните, а не партиските и лични интерси. Ако тие интереси се напраед и ги водат при гласањето убеден сум дека ќе имаме над 61 пратеник.“ – изјави Драган Данев Кординатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Кординаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев денеска во изјава за медиумите рече дека опозициската ВМРО ДПМНЕ на погрешен начин се враќа во собраниските клупи, но вели легитимно право е да бараат интерпелација на која пак СДСМ уште еднаш ќе ги реафирмира своите ставови околу досегашното владеење.

„Поразително е за една голема политичка партија да бара изговор и да го најде грешниот начин за да се врати во работата на Собранието. Ако ова е големата врата за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, тогаш сме разочарани. Барањто е сосема легитимно и и ни оствара простор да ги реафирмираме сите позитивни политики на оваа влада во последните 10 месеи. “ – изјави Тунтев.

Пратеникот на БЕСА (Од крилото на Гаши), Реџеп Мемети пак рече дека имаат свои забелешки за досегашното владеење на новата влада, но сепак нема да ја гласаат за интерпелација.

„Нашиот став во однос на интерпелацијата ќе го искажеме на седница во Собранието. нема да ја поддржиме, но имаме забелешки за досегашното функционирање на Владата.“ – изјави Реџеп Мемети.

Инаку денеска во законодавниот дом беа одложени три седници на комисии на кои требаше да се разгледуваат реформските закони , кои пак ќе го чекаат враќањето на опозицијата и се презакажани за во четврток.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак веќе информираа дека со интерпелацијата се враќаат и остануваат во законодавниот дом и ќе учествуваат во натамошните дискусии и гласања за реформските закони.

 

Треба да знаете
Последни објави