Лица помлади од 25 години нема да можат да добијат дозвола за поседување на оружје

Лица помлади од 25 години нема да можат да добијат дозвола за поседување на оружје, доколку претходно две години не членувале во стрелчако друштво. Рокот за заменување на сите форми на дозволи за оружје е продолжен до 2022 година.

 

Новите измени во Законот за оружје кои вчера се најдоа на комисијата за европски прашања, претставуваат усогласување на домашната со регулативата од ЕУ, со цел обезбедување на сигурност дека деактивираното оружје станува неповратно онеспособено.

Повторно се воведува можноста за легализација на оружјето кое се поседува без важечка исправа, а рокот изнесува една година.

Треба да знаете
Последни објави