Рома ја надигра Барселона и обезбеди пласман меѓу најдобрите четири фудбалски клубови во Европа што е огромен успех за клубот од Рим.
„Волчицата“ успеа да направи фантастичен кам-бек и по поразот од 4-1 на „Камп Ноу“ славеше со 3-0 пред своите гледачи што беше доволно за нокаут на шпанскиот великан. Со оваа партија се зголеми самодовербата кај калчолигашот кој сега верува дека може да дојде и до Киев, до финалниот меч во ЛШ.
– Утре ќе почнеме да се подготвувам за дербито, потоа ќе видиме каква ќе биде ждрепката. Тешко е да се каже кој ривал е подобар. Два чекори до Киев? Можеби. Четири клубови можат да сонуваат, Рома е еден од нив. Можеби сега ривалите повеќе ќе се плашат од Рома, – истакна Мончи, човекот кој е задолжен за сите трансфер операции во клубот.