Ќе се намалуваат трошоците за користење здравствени услуги на осигурените лица од областа трансплантација за лекување во странство.
На предлог на Министерството за здравство, Владата на вчерашната седница утврди текст на предлог-одлуки за почнување постапка за доделување лиценци за вршење здравствена дејност земање и пресадување клетки од човечко тело заради лекување-хематопоетски матични клетки, за лекување срце, панкреас, очни ткива, црн дроб, бубрези и бели дробови, соопшти владината прес-служба.
Во целите на иницијативата на Министерство за здравство се обезбедување соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите на населението, географска достапност на здравствените услуги, подобри здравствени капацитети и континуирана и квалитетна здравствена заштита.