Сестра добила шлаканица поради наод

Медицинска сестра од амбулантата „Шуто Оризари“ во Скопје била физички нападната од мајка, која била незадоволна од наодот на нејзината ќерка, вчера околу 12.30 часот, соопшти МВР.

 

Сестрата Н.З. (26) била нападната во ходникот од амбуланата од П.А.(33). Како што соопшти МВР, на настанот претходела расправија меѓу Н.З. и П.А. поради наодот од прегледот на нејзината ќерка. П.А. ја удрила сестрата во пределот на лицето.

Се работи на целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави