Тунтев: Ова ли е враќање на ВМРО-ДПМНЕ на голема врата?

Оваа интерпелација е големо разочарување, очекував наместо за доверба на влада да дискутираме за реформите кои се спроведуваат, изјави Томислав Тунтев по образложението на опозицијата зошто бара гласање доверба на Владата.

„Ова ли е враќање на голема врата? Ова е само оправдување да се вратите во Собранието. По 4 месеци да дојдеа други пратеници ќе ми беше логично ова образложението за интерпелација, но вие сте истите кои пред 3 години слушнаа како владеела нивната Влада“, рече Тунтев.

Опозицијата денеска се врати во собранието по 4 месеци пауза. Барањето за гласање е поднесено од 42 пратеници, но ВМРО-ДПМНЕ очекуваат вечерва пред полноќ да биде изгласана недоверба иако се потребни 61 глас.

Треба да знаете
Последни објави