За време на велигденските празници ограбена касата на Црвениот крст

За време на велигденските празници била ограбена касата на Црвеникот крст  на Република Македонија од каде што била одземена поголема сума на пари.

 

Според информациите на полицијата кражбата била извршена во периодот од 5 до 10 овој месец,а истата била пријавена во полиција завчера .

Според пријавата непознато лице упаднало во просториите на Црвениот крст  на булевар “Кочо Рацин“ каде со употреба на погоден алат го отворил прозорецот и влегол внатре, по што од сеф касата одзел 121.000 денари, 320 евра, еден ресивер и го напуштил местото на настанот.

Полицијата извршила увид и се  работи на целосно расчистување на случајот но засега можно осомничено лице нема.

Треба да знаете
Последни објави