Љубе Бошковски ќе биде посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот Зоран Заев.
Како што потврди од Владата , Бошковски бил прворангиран од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите на објавениот конкурс.
Фидан Колев ќе биде посебен советник за транспорт и врски. Тој бил единствен кој ги исполнувал условите на објавениот конкурс.
Посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации ќе биде Рубин Земон, кој бил прворангиран од пријавените кои ги исполнуваат условите на конкурсот.
Фатмир Битиќи е избран за посебен советник за спроведување на Рамковниот договор. Тој бил единствен којшто ги исполнувал условите на објавениот конкурс.
Посебен советник за млади и спорт ќе биде Ѓорѓи Тасев, кој бил единствен којшто ги исполнува условите на објавениот конкурс.