Скопјанец нападнат од кучето на соседот во влез на зграда

Во 12 часот и 35 минути во Полициската станица Центар, 45-годишната Б.А. од Скопје пријавила дека околу 01.15 часот на улицата „Даме Груев“ била нападната од група кучиња-скитници, при што едно од нив ја каснало во пределот на десната потколеница. 

 

 На Б.А. и била укажана лекарска помош на Клиниката за инфективни болести при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. 

Истиот ден околу 10.35 часот во Полициската станица Аеродром, 48-годишниот Т.И. од Скопје пријавил дека на булеварот „АСНОМ“, во ходник од зграда, бил нападнат од куче, сопственост на неговиот сосед.

Кучето го гризнало за десната рака и во пределот на брадата. 

На Т.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави