51-годишен жител на селото Зајас, Кичевско, на магистралниот пат Гостивар – Кичево изгубил контрола над возилото, преминал на другата страна од коловозот и излетал во нива.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево, каде што бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.