Откако на минатото рочиште за случајот „Поткуп“ кое траеше шест и пол часа, се сослушуваше бизнисменот Иван Николов – Сачавалиев, денес продолжува судењето во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.
Според исказот на сведокот Сачавлиев, тој бил користен како агент провокатор. Адвокатите на Заев тврдат дека за тоа не постои наредба. Сведокот Сачевалиев тврдеше дека во 2013 година, кога Заев беше градоначалник, знаел дека тој треба да откупи државно градежно земјиште и му се јавил за да дојде кај него за 15 минути во градоначалничкиот кабинет во Струмица. Му рекол дека може да го откупи земјиштето за 70 денари од квадратен метар, но дека ќе треба да плати плус три евра – едно евро за него, едно за СДСМ и едно евро за црквата.
Според обвинителството, Заев побарал поткуп со умисла да изврши кривично дело.
Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.