На полноќ во Црна Гора почнува изборниот молк спроти претседателските избори, седми по ред, што ќе се одржат в недела, на 15 април.
На изборите ќе учествуваат седум кандидати. Прв на листата ќе биде кандидатот од „Вистинска Црна Гора“, Марко Милачиќ, а втор Младен Бојаниќ од Демократскиот фронт, Демократи, Социјалистичката народна партија и граѓанското движење УРА. Понатаму, кандидирани се Хазбиј Какаќ, Василиј Миличковиќ, Добрило Дедеиќ, Драгина Вуксановиќ, Мило Ѓукановиќ.
Гласачко право во Црна Гора имаат 532.599 граѓани, кои ќе гласаат на 1.214 избирачки места.
Од 1990 година претседатели на Црна Гора досега беа Момир Булатовиќ (два мандати), Мило Ѓукановиќ (еден мандат) и Филип Вујановиќ (три мандати).