Ќе се реконструираат над триесет и три улици во Ѓорче Петров
Во општина Ѓорче Петров стартуваше реконструкција и рехабилитација на најмалку 33 улици во Волково и Кисела Јабука.
Во моментов се врши подготовка пред асфалтирање на неколку улици во Кисела Јабука, а набрзо ќе почне истата постапка и во Волково.
Предвидено е да бидат опфатени околу 13 улици во Волково, а 20-тина во Кисела Јабука.
Динамиката на реконструкцијата ќе ја налага изведувачот, односно Јавното претпријатие за државни патишта.