Охриѓанка после еден ден се јавила во болница, ја удриле на пешачки премин
Вчера во 14,00 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, Р.К. (69) од Охрид пријавила дека на 10.овој месец околу 12,00 часот на крстосницата–кружен тек од улицата „7-ми Ноември“ и булеварот „Македонски Просветители“, додека преминувала улица на пешачкиот премин била удрена од страна на непознат возач кој управувал непознато возило, при што паднала на коловозот.
Следниот ден побарала лекарски преглед во болницата Свети Еразмо-Охрид, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата. Се работи на целосно расчистување на случајот.