Повредите на главата го зголемуваат ризикот од развој на деменција

Трауматските повреди на мозокот создадени после удари во глава го зголемуваат ризикот од развој на деменција за 24 отсто, заклучи тим на научници проучувајќи група од речиси три милиони луѓе.

 

Податоците, собирани 36 години, преземени се од данскиот државен регистар за пациенти.

Било заклучено дека опасноста од развој на деменција расте во зависност од бројот и тежината на повредитe.

„Кај пациентите кои имаат историја со трауматски повреди на мозокот заележана е поголема опасност од развој на деменција, дури и после неколку децении после повредата“, вели главниот автор на истражувањето Џесе Фан од Медицинскиот факултет во Сиетел.

Научниците, меѓутоа, истакнуваат дека апсолутниот ризик за секој пациент е прилично низок.

Во групата луѓе кои биле дел од ова истражување, само 5,3 отсто од лицата кои страдале од деменција доживеале тешка повреда на мозокот кога биле помлади, во споредба со 4,7 отсто од лицата кои не страдале од деменција.

„Резултатите од ова истражување на упатуваат на тоа дека кај ситe кои би доживеале некоја траума во мозокот, подоцна во животот ќе развијат некој облик на деменција“, вели Фан.

Поранешни истражувања околу повреди на мозокот и развој на деменција даваа контрадикторни резултати.

Според резултатите од Светската здравствена организација, околу 50 милиони луѓе во светот страдаат од некој облик на деменција, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест, на која се однесуваат две третини од случаите.

Секоја година во светот се евидентираат околу 10 милиони нови случаи на деменција.

Според ова истражување, повеќе од 50 милиони луѓе на годишно ниво доживуваат трауматска повреда на мозокот.

Треба да знаете
Последни објави