Русија предупреди дека воздушните напади на САД против Сирија, поради користењето на хемиско оружје би можеле да предизвикаат војна меѓу овие две држави.
„Наш главен приоритет е спречување на опасноста од војна“, изјави амбасадорот на Русија во Обединетите Нации Василиј Небензиа.
Тој го обвини Вашингтон дека го загрозува меѓународниот мир, велејќи дека состојбата е „многу опасна“.
Запрашан што мисли за евентуална војна меѓу САД и Русија, Небензиа за новинарите рече дека Русија „за жал, неможе да исклучи ниту една можност“.
Тој укажа и на тоа дека од САД знаат дека руските сили се распоредени во Сирија.
„Опасноста од ескалација е поголема отколку кога станува збор само за Сирија, бидјеќи нашата војска е таму. Затоа ситуацијата е многу опасна“, предупреди Небензиа.
Како што тој вели, Русија се надева дека во Сирија нема да се стигне до „точка од која нема враќање назад“.