Исповед на девојка: Ја фатив мајка ми како спие со моето момче!

Исповед на девојка: Ја фатив мајка ми како спие со моето момче!

Млада жена, која се доверила на својата мајка откако нејзиното момче станало насилно, се згрозила кога дознала дека нејзината мајка позади нејзиниот грб спиела со нејзиното момче.

Челсеа Хопер (22) и се обратила на својата мајка Жаклин (47) за помош кога нејзиното момче Кевин Скот (35) станало насилно кон неа, пишува The Sun. Но, наместо да и помогне на нејзината ќерка, таа се пуштила во љубовна афера со Кевин.

– Тоа е најголемото предавство. Беше ужасно да се живее во насилна врска, но кога открив дека мојот дечко е таен љубовник на мојата мајка, тоа ја помина секоја мера. Не сакам да го видам ни да слушнам за него, рекла изневерената девојка.

Челсеа го запознала Кевин во кафе бар каде работела. „Беше многу шармантен и постојано ми се наметнуваше. Навистина мислев дека еден ден ќе се омажам за него, вели таа. Кога го запознав со родителите малку се загрижив поради годините.

Меѓутоа нејзината мајка рекла дека се е во ред ако таа е среќна. „Се сеќавам дека мајка ми веднаш ми рече дека е згоден, вели Челсеа. Но тогаш веќе почнаа проблемите во врската. Челсеа во мобилниот на Кевин пронашла пораки од друга жена, но тој секогаш имал подготвено објаснување.

– Кевин полудуваше кога сакав да излезам со пријателите. Расфрлаше по дома и тврдеше дека го изневерувам. Понекогаш и ме удираше. Ми се чинеше дека постојано имам едно сино око, вели Челсеа.

Таа вели дека нејзината мајка секогаш се грижела за Кевин и дури и се нудела да оди да разговара за целата нивна ситуација. Кевин и ветувал на Челсеа дека ќе се поправи.

Но, тогаш таа ги пронашла пораките на Фесјбук.

– Тоа биле такви валкани пораки. Мајка ми зборувала како Кевин бил добар во креветот. Ми се слоши, станав хистерична. Се соочив со фактот дека има односи со моето момче. Таа се обидела да го порекне, му зборувала на татко ми дека грешам. Посакав да се убијам, рекла несреќната девојка.

По аферата на Кевин и нејзината мајка, Челсеа повторно му се вратила:

– Не знаев на кого да верувам па одлучив да му поверувам на моето момче, објаснува таа. Но набрзо неговото однесување стануваше такво кое даваше до знаење дека ме изневерува.

Челсеа вели дека нејзината мајка по чудни околности исчезнувала до дома, а нејзините сомнежи се потврдиле кога го фатила Кевин во кревет со друга жена.

– Не му беше грижа што го фатив. Тој само запали цигара и продолжи да лежи во креветот. Два дена по Божиќ го оставив и му ги вратив клучевите од станот. Тој ме извлече физички од автомобилот. Кога му ги дадов клучевите тој ги фрли на мене и ме погоди во око, рекла Челсеа.

По некое време мајката на Челсеа признала дека имала афера со Кевин:

– Беа само три пати, можеби вкупно 10 минути. Мислам дека ниту еден збор потоа не прозборевме. Се чуствувам виновно и жал ми е. Не знам што ми се случило, веројатно сакав малку внимание бидејќи јас и мојот сопруг долго време немавме секс, рекла мајката на девојката.

Треба да знаете
Последни објави