Професор од Гостивар нападнати со метален боксирач, едниот заврши во болница
Професорот Бејтула Камбери од Гостиварската гимназија заврши на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, откако бил физички нападнат со металална направа. Во нападот настрада и друг професор, Дритан Имери, но со полесни повреди.
Нападнатиот Дритан Имери објаснува детали за инцидентот: Во 15 и 30 часот мојот колега Бејтула Камбери ми се јави да одам да му помогнам, затоа што бил нападнат од некого. Кога стигнав во училиштето, во спортската сала на гимназијата го видов Бејтула Камери крвав во лицето. Му помогнав и излегов надвор да повикам полиција. Тогаш излезе директорот на училиштето, му реков, зарем не ви е срам што го нападнавте колегата на работно место, а тој ми одговори „да не сакаш и тебе“. Во тој момент некој ме удри одзади. Повреден сум на лицето и главата, од десната страна. Но колегата е потешко повреден.
Директорот на гимназијата на Гостивар, обвинет од двајцата професори за напад, вели дека тој не учествувал во таа случка.
„Откако влегов во канцеларија, дојде Бејтула за да ме нападне, во тој момент беше професорот Адмир и вратат беше отворена. Влегоа и други професори и го извадија Бејтула надвор, од тој момент не сум го видел веќе професорот. Не. Не сум ги допрел воопшто, така ќе им кажеш на Бејтула Камбери и на Дритан Имери“, вели Џези Камбери, директор на гимназијата во Гостивар.
Инцидентот го потврдија и до МВР преку соопштение, каде се вели дека на 13 април во полициската станица Гостивар е пријавен случајот, со што се довело до загрозување на јавниот ред и мир по една тепачка во дворот на гимназијата.
Извор: тв21