Сопругот ја претепал Наташа Беквалац
Српската пејачка Наташа Беквалац го пријавила својот сопруг Лука Лазукиќ во полиција затоа што ја претепал во нивниот дом во Дедиње во Белград, пишува Блиц.
Наташа Беквалац била на Итна Помош поради повреди на главата, каде што во разговор со сестрата открила дека сопругот ја претепал.
Инцидентот се случил ноќта помеѓу петок и сабота, а Беквалац, одлучила случајот да пријави во полиција.
Причина за расправијата и тепањето на Наташа наводно било неверството на Лакукиќ, но и парите.
Некогашниот спортист и ИТ експерт, Лука Лазукиќ е уапсен вчера попладне во Белград.