Ако мислите дека знаете се околу хигиената за усната празнина и дека правите се за вашите заби да останат блескави и здрави, ќе се изненадите кога ќе откриете колку некои секојдневни навики всушност имаат штетно влијание за забите.
Во прилог прочитајте за пет навики со кои секојдневно се уништува здравјето на забите.
Прегрубо миење на забите
Иако звучи како добра работа, прегрубите четки, како и прегрубото миење на забите може трајно да го оштети забниот плак, да предизвика преголема чувствителност и можност за добивање на кариес. Затоа, користете помека четка за заби со полесни кружни движења чистете ги вашите заби барем два пати дневно.
Погрешна паста за заби
Токму како и четката и пастата за заби може да биде премногу агресивна. Многу пасти содржат микро гранули и зрна кои помагаат при отстранување на нечистотиите, но во голема мерка можат да ги оштетат вашите заби. Поради тоа пронајдете паста која ќе одговара на вашиот вкус, а препорака е она која е за чувствителни заби.
Не користите конец за заби
Ако мислите дека со четка за заби можете детално да ја исчистите усната празнина, тогаш се лажете. Деловите помеѓу забите никако не можете да ги исчистите со четка, па затоа ви е потребен конец. Чистењето на заби со конец спречува кариес и воспаленија.
Газирани пијалаци
Газираните пијалаци содржат киселини кои со тек на времето ги оштетуваат забите. Газираните пијалаци не се добри ниту за вашето тело, па затоа намалете со нивна консумација.
Храна која остава дамки
Целото она што остава дамки на вашите чинии или шолји ќе остави и на вашите заби, но трајни. Кафе, чај, соја, сос и црно вино се само некои од намирниците кои оставаат лоши дамки на вашите заби. Токму поради тоа после ручек се препорачува миење на заби.