Меган Маркл, идната сопруга на принцот Хари, има полубрат кој и нема најдобро мислење за нивната врска.
Откако во една прилика изјави дека венчавката, која е закажана за во мај, на неговата сестра за принцот Хари го уништила нивното семејство, Томас Маркл Јуниор, одлучи по писмен пат да му се обрати на својот иден зет и да му порача дека се уште не е доцна да ја откаже венчавката.
Томас му порача на принцот дека времето истекува, но дека се уште има време да ја откаже венчавката со жената, која како што вели тој, ќе го упропасти кралското семејство.
„Не можам да верувам дека не ја гледаш Меган онака како што ја гледа цел свет. Таа е актерка од C категорија, која губи улоги бидејќи старее и сега сака да стане принцеза“, пишува Томас Маркл.
„Нашиот татко поради нејзината актерска кариера влезе во огромни долгови од кои се уште не може да се извлече. Таа не му врати ништо“, додава тој, и вели дека принцот треба сам да процени за каква личност станува збор.
„Таа не го повика своето сопствено семејство на венчавката, а повикува комплетни странци“, пишува тој.
Заклучокот од писмото е посебно интересен.
„Меган е мое семејство. Иако таа потполно заборави на нас, ние сме тука, и секогаш ќе бидеме тука“, пишува Томас Маркл.