Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска и утре ќе учествуваат на квадрилатерален состанок со колегите од Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Дитмир Бушати.
Последната средба во рамки на преговарачкиот процес Димитров и Коѕијас ја имаа на 25 април во Виена, а на неа присуствуваше и медијаторот на ОН, Метју Нимиц. Главни теми на состанокот во Солун се интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, предизвиците за регионот на Југоисточна Европа од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, последиците од движењето на бегалците и мигрантите кон Балканот и иднината на Европа.