Бил Гејтс и купи на својата ќерка подарок за диплома од 16 милиони долари

Ќерката на познатиот американски милијардер, Бил Гејтс, наскоро ќе дипломира на престижниот американски универзитет Стенфорд, а тој за таа диплома и даде подарок вреден 16 милиони долари – ранч на кој ќе тренира јавање.

Џенифер Гејтс, ќерката на Бил Гејтс, има во план после завршувањето на студиите во Стенфорд, да се посвети на натпреварувањата во јавачките спортови од највисок ранг, пренесуваат светските медиуми.

Поради тоа нејзиниот татко, Бил Гејтс, како подарок за диплома и купил фарма со коњи во Норт Салем.

Пред четири години Гејтс потроши 18 милиони долари на ранч во Сан Диего, кој го купи од фитнес тренерот Џени Крејг.

Џенифер Гејтс е опишана како една од најталентираните натпреварувачи во овој спорт, во категоријата под 25 години.

Таа планира да и се посвети на јавачката кариера на една година, а потоа, бидејќи доби диплома биолог, да запише медицина.

.

Треба да знаете
Последни објави