Судар на грчки воен и турски товарен брод во Егејското Море
Турски товарен брод се судри со грчки воен брод в источниот дел на Егејското Море, а во сударот нема повредени ниту поголема материјална штета.
Грчката воена морнарица соопшти дека турскиот брод по сударот забрзал и отпловил во турски води, покрај пораките од воениот грчки брод да сопре.
Тој судар кај грчкиот остров Лезбос го предизвикал турскиот борд кој ги прекршил меѓународните правила за безбедност за транспорт, се додава во соопштението.
Воениот брод „Арматолос, долг 55 метри, учествува во операциите на НАТО против криумчарите на мигранти.
Инцидентот се случи во момент на затенати односи на Грција и Турција околу територијалните права.