Исфрлете го овој производ од домот – отриено е дека е канцероген
Користите ли производи кои содржат канцерогени состојки повремено? Можноста нешто да ви се случи од нив е минимална, но доколку употребата е честа, тогаш ризикот е голем.
Чувајте го своето здравје и за да ги намалите шансите за настанување на карцином, избегнувајте користење на следниве производи:
Пуканки за микробранова
Иако се вкусни, овие пуканки содржат штетни хемиски супстанци кои се поврзуваат со низа болести, вклучувајќи ги и најопасните – карциномите. Пуканките сами по себе не се штетни, посебно доколку ги подготвувате оние кои се органски одгледани и тоа на масло кое поднесува високи температури. Но, овие за микробранова треба да ги избегнувате.
Антибактериски сапуни
Триклосанот, хемискиот пестицид кој е составен дел од антибактериските сапуни, се поврзува со оштетувањата на штитната жлезда и хормоните, како и со разни инфекции. Наместо антибактериски сапуни, одберете ги обичните кои со редовна и правилна употреба ќе ги исчистат вашите раце одлично.
Хемиски отрови
Можеби си мислите дека не ги користите во вашето домаќинство, но размислете уште еднаш. Хемиските отрови се спрејовите против инсекти, средствата за чистење на печка, како и разните прашоци против мравки или лебарки. Сето ова е исклучително штетно и отровно, па подобро одберете природни производи кои ќе ја завршат задачата. Можеби ќе им треба повеќе време и се поскапи, но нема да ве разболат.
Идејата за облека која не мора да ја пеглате бидејќи не се гужва звучи одлично, но таквата облека е отровна. Содржи формалдехид кој лошо делува на здравјето и предизвикува разни болести, па дури и карцином. Подобро да ја земете пеглата во раце и да ја избегнувате ваквата облека.
Освежувачи на воздухот
Без разлика дали станува збор за оние во спреј или оние кои се приклучуваат на струја, освежувачите за воздух не се пријателски. Содржат низа хемикалии кои, замислете иронија – всушност го загадуваат воздухот. Овие хемикалии се поврзуваат со појава на карцином, астма, алергии и хормонални пореметувања. Наместо освежувачи за воздух, отворете ги прозорите и пуштете да влезе свеж воздух.
Садови за кои не се лепи храната
Садовите со дно на кое не се лепи храната се хит бидејќи лесно се чистат, но опасни се за здравјето. Содржат хемикалии кои се исклучително канцерогени и доколку ги користите подолго време можат сериозно да ви наштетат.