Седми турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ под покровителство на општина Аеродром
Традиционалниот турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ годинава ќе започне на 20 мај, а ќе се одржува во спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Годинашниот турнир е организиран од здружението КБС 2012, под покровителство на општина Аеродром.
Пријавувањето на екипите за турнирот, што се одржува по седми пат, започна на 25 април, а ќе трае до 18 мај.
Бројот на учесници е строго ограничен, а наградниот фонд ќе изнесува 300.000 денари