Заклучно со 07.05.2018 година автобуската постојка лоцирана во сутерен на ГТЦ каде сообраќа автобуската линија со број 50 ,повторно ќе биде во функција, информираат од ЈСП.
Привремениот прекин на функционирање на постојката беше заради изведување градежни работи, односно реконструкција на улицата.
Реконструкцијата беше изведена од страна на ЈП „Улица и патиштата„ кои извршија комплетна обнова на улицата,со поставување на специјален асфалт кој гарантира одлична состојба на улицата во наредните 10 години.