Во општина Бутел се расчистуваат штетите од вчерашните поројни дождови
Во текот на вчерашниот ден, дождот кој што ја зафати градот Скопје, нанесе сериозни штети на инфраструктурната и на каналската мрежа особено во руралните делови во селата Љуботен и Љубанци во општина Бутел.
До доцните ноќни часови, дежурните општински екипи на општина Бутел, заедно со градоначалникот Велимир Смилевски, работеа на расчистување на теренот со цел сите локални и магистрални улици да ги стават во функција.
Во моментот екипите се уште се на терен и работат со сите свои расположливи средства за да ги подобрат условите и функционалноста на теренот, изјавија за 24 ИНФО од оделението за јавност на општина.