Црна недела на нашите патишта, во еден ден згаснаа шест животи
Првата од шест жртви во сообраќајни несреќи во текот на вчерашниот ден загина во вчера рано утрото во 3 часот на делницата од автопатот Граничен премин Богородица–Гевгелија, кога патничко моторно возило “Мерцедес“ со гевгелиски регистерски таблици управувано од М.К.(27) од с.Богородица удрило во металната заштитна ограда.
Во незгодата на самото место починал М.К., додека сопатникот во возилото М.П. (26) од с.Богородица се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Во текот на попладнето уште една жртва имаше на магистралниот пат Гостивар-Кичево, а три поминаа со скршеници.
Според информациите на СВР Тетово, околу 17:30 часот во близина на еден од каменоломите на 4 километри од Гостивар дошло до судир на две патнички возила. Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале „опел астра“ со дебарски регистерски ознаки и „рено меган“ со гостиварски регистерски ознаки што го управувал загинатиот Сенат П. Во реното покрај сопатничката М.М. било и три годишно дете, кое по прегледите во гостиварската болница било констатирано дека поминало без повреди.
Од повреди кои ги задоил во сударот, загинал гостиварецот Сенат П (32) , а потешко се повредени М.М. (24) и дебарчаните Џ.А. (21) и П.Љ. (25)
Изминатава недела на сообраќајниците низ полошкиот регион ова втора жртва. Претходно по повреди задобиени во сообраќајна несреќа во болница почина три годишно дете.
Трагична несреќа со четири жртви се случи синоќа во непосредна близина на ресенското село Крушје, помеѓу две патнички возила со битолски регистерски таблици и едно патничко возило со охридски регистерски таблици.
– Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица, две лица се жители на општина Битола, а две лица се жители на општина Могила. Заради тешката сообраќајна несреќа и отежнатите временски услови патот е во прекин, а на местото се врши истрага за причините на несреќата, изјави вчера за МИА Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.