Колку треба да јадете за да не се здебелитеЕксперти од Сиднејскиот универзитет ја открија формулата за количеството на храна што ни е потребна, а која воедно нема да ги зголеми нашите килограми.
Тие препорачуваат храната да ја мериме користејќи ја нашата рака.
– Не постои совршен начин на мерење на количеството храна која ни е потребна, па сакавме да изнајдеме подобар начин, изјави нутриционистката Алис Гибсон која е дел од тимот истражувачи.
Според нив, формулата гласи: една половина од ширината помножено со дебелината (на раката), па сето тоа помножено со должината.