Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, се разбуди од кома после операцијата поради излив и крварење во мозокот.
Фергусон во саботата вечер итно беше пренесен во болница откако му се слошило дома. Лекарите утврдиле дека имал мозочен удар.
Операцијата беше направена истата вечер и помина без никакви проблеми, и набрзо беше објавено дека познатиот Шкот беше е во стабилна состојба.
Фергусон (76), може да седи на кревет и првото нешто што го кажал на семејството кога се разбуди беше: “Јас преживеав”.
Денот го поминал со насмевка и разговор со семејството и болничкиот персонал.
Состојбата на Алекс Фергусон беше тема број еден на островот во текот на викендот, а поранешниот фудбалер на Јунајтед, како и многу ривали и тренери, му дадоа огромна поддршка.