Министерот за финансии на Србија, Душан Вујовиќ поднесе оставка од функцијата. Како обраложение се наведени лични причини.
Како што јавуваат тамошните медиуми, во оставката до премиерката Ана Брнабиќ тој напишал дека четири години колку што бил министер, „се сосема доволни човек да се покаже на функција“. Претходно, претседателот Александар Вучиќ изјави дека ќе има реконструкција на владата, но оти во моментот приоритет е „решавањето на косовскиот јазол“.