Како што пренесуваат шпанските медиуми, трансферот на Андрес Иниеста во кинески Чонгкинг Лифан е пред целосно пропаѓање поради огромните барања на Шпанецот кога станува збор за плата.
Иниеста неодамна најави дека ова е неговата последна сезона во дресот на Барселона, по што шпанските медиуми тврдеа дека речиси е сигурно дека искусниот Шпанец ќе се пресели во Кина.
Сепак, од кинескиот клуб преку официјално соопштение порачаа дека се уште немаат договор со Иниеста, а се шпекулира дека тоа се должи на фактот што кинескиот клуб не може да си дозволи да му ги исполни сите барања на фудбалерот на Барселона.
Од таму порачале дека мора да се придржуваат на правилата на Кинеската фудбалска федерација, па засега е неизвесно дали Иниеста ќе се пресели во кинескиот клуб.