Грчкиот премиер Алексис Ципрас го потврди своето учество на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија на 17 мај, пишуваат грчките медиуми повикувајќи се на соопштение од бугарската владина прес-служба.
Во телефонски разговор со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, грчкиот премиер се осврнал на претстојниот самит на високо ниво и истакнал дека за грчката и бугарската влада клучни приоритети се стабилноста, мирот и развојот на Балканот.
Ципрас го поздравил фактот дека Бугарија, која е актуелен ротирачки претседавач со Советот на ЕУ, ја става иднината на земјите од Западне Балкан високо на агендата на заедницата.
Грчкиот премиер го пофалил Борисов и за напорите на бугарското претседателство во насочувањето на вниманието на институциите кон проекти за поврзување на регионот.