Цените на ванилата во изминатите две години се зголемија, по што овој сладок зачин моментно чини повеќе од среброто.
За еден килограм ванила потребни се околу 600 американски долари, што е повеќе отколку за еден килограм сребро.
Повеќе од 75 отсто од ванилата се одгледува на тропскиот остров Мадагаскар.
– Главна причина за високата цена е циклонот кој минатиот март го погоди Мадагаскар и уништи голем број плантажи. И покрај надежите дека растот на цената ќе стагнира, таа и понатаму е на високо ниво бидејќи побарувачката е многу голема, изјави Џулијан Гале, аналитичар на пазарот на суровини.
Станува збор за зачин кој се одгледува многу тешко, и поради тоа ванилата е најскапа состојка во светот, веднаш по шафранот.